Дома Топ вести ПСЖ спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

ПСЖ спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

ПСЖ е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат француските медиуми.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос е голем симпатизер на играта на Португалецот и сака да го донесе во Париз, па веќе спремил понуда од 70 милиони евра.

Меѓутоа, Милан не размислува за продажба и им порачал на „светците“ дека е спремен да ги одбие сите понуди за Леао ова лето.

Единствен начин ПСЖ да го ангажира Португалецот е да ја плати откупната клаузула која изнесува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување од Островот: Манчестер Сити го продава Едерсон?!

Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да …