Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Светците“ планираат ова лето да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со Милан и потврдил дека е спремен да плати 50 милиони евра за Французинот.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.