Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да ја доведе ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
Откако Килијан Мбапе го напушти ПСЖ како слободен агент, клубот веќе почна да бара замена, а на листата желби е токму Рашфорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година и е најплатен фудбалер кај „црвените ѓаволи“.
Но, Англичанецот минатата сезона не играше на препознатливото ниво и не беше повикан на Европското првенство.
ПСЖ е спремен за неговиот потпис да плати 80 милиони фунти и веќе стапил во контакт со Манчестер Јунајтед.
🚨🏴 | BREAKING:
— SimplyGoal (@SimplyGoal) June 26, 2024
There has been discussion again between PSG and Manchester United about Marcus Rashford, reports @JacobsBen. pic.twitter.com/1SPY1SyfZF