Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.
22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ бара замена за Ди Марија, кој заминува на крајот на сезоната и верува дека Леао иделано би се вклопил во тимот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „светците“ испратиле понуда од 70 милиони евра за потписот на Португалецот.
Меѓутоа, Милан експресно ја одбил понудата и започнал преговори со Леао за нов договор, а и самиот фудбалер преферира да остане во Милано.