Дома Трансфер зона ПСЖ му го „краде“ на Мурињо веќе договореното засилување!?

ПСЖ му го „краде“ на Мурињо веќе договореното засилување!?

Не е тајна дека Хамес Родригез ова лето ќе го напушти Реал Мадрид бидејќи не е задоволен од минутажата и статусот кој го има кај Зинедин Зидан.

Медиумите тврдеа дека се е договорено со Манчестер Јунајтед и дека Хамес ќе биде првото големо засилување за Мурињо во летниот преоден рок.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меѓутоа, „Франс Фудбал“ пренесува дека во последен момент во борба за Колумбиецот се приклучил и ПСЖ.

После лошата сезона ПСЖ спрема реконструкција на тимот ова лето па е спремен да плати 70 милиони евра за Хамес Родригез, истиот износ кој го нуди и Жозе Мурињо.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е во одлични односи со ПСЖ и дека францускиот клуб му нуди на играчот побогат договор отколку Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Сити го сакаат „новиот Пирло“

Манчестер Сити и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репрезе…