Дома Останати Тенис Против Надал ќе игра тенисер кој на својата маица и дал име Рафа

Против Надал ќе игра тенисер кој на својата маица и дал име Рафа

Рафаел Надал и понатаму игра фантастичен тенис, а некогаш се случува од спротивната страна да му се спротистават тенисери кои како деца му се восхитувале.

Неодамна шведскиот тенисер Михале Јамер беше толку импресиониран од Новак Ѓоковиќ што против Србинот играше со патики на кои има слика од Новак. Сега посебно чувство ќе има Американецот Себастијан Корд кој утре ќе игра против својот идол во осминафиналето на Ролан Гарос.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Кога растев, имав маица на која и дадов име Рафа. Тоа доволно зборува колку го сакам Надал“, изјави американскиот тенисер.

Иако Рафа е негов идол сигурно дека утре ќе сака да го изненади, сепак Шпанецот е апсолутен фаворит и пласман на Корд во четвртфиналето би бил еднаков на огромна сензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е загрижувачки: Погледнете што му се случуваше на Ѓоковиќ во Женева 🎥

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше запрен во полуфиналето на турнирот од серијата 250…