Дома Фудбал Останато Пронајден е авионот со кој леташе Емилијано Сала!

Пронајден е авионот со кој леташе Емилијано Сала!

Авионот кој исчезна на 22 јануари денес е пронајден!

Како што е познато авионот со кој леташе Сала од Нант кон Кардиф исчезна над водите на Ла Манш на 22-ри јануари.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Полицијата и службите имаа потрага од три дена, но истата беше прекината поради екстремно малите шанси Сала да биде пронајден жив. Сепак, после иницијативата од фудбалскиот свет и сумата од 300.000 евра истата беше продолжена.

Денес за прв пат се бараше и под вода, а како што објавија англиските медиуми авионот е пронајден, но од Емилијано Сала и пилотот Дејв Иботсон нема ни трага, ни глас и се претпоставува дека не преживеале.

Наскоро се очекуваат повеќе информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…