Светската ракометна федерација ги потврди промените на саатниците за претстојниот Мундијал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија според првичниот распоред трабаше да настапува само во главниот термин, но нема да биде така. Предност добија домаќините и фавортите на турнирот.




Светското првенство ќе го стартуваме против Норвешка на 13. јануари од 20:30 часот. Тоа е и единствениот термин кон не се промени, натпреварите против Холандија (15. јануари) и Аргентина (17. јануари) ќе ги играме од 18:00 часот.




Имаме тешка група, а една победа веројатно не води во следната фаза, сепак сигурно нема да биде лесно. Светското првенство се одржува во Полска и Шведска и стартува на 11. јануари со дуелот помеѓу Полска и Франција.