Дома Фудбал Проблеми во Реал: Во конфликт првата и младата ѕвезда на „кралевите“!

Проблеми во Реал: Во конфликт првата и младата ѕвезда на „кралевите“!

Шпанскиот медиуми „Diario Gol“ пренесува сериозни обвинувања за конфликт во соблекувалната на Реал Мадрид.

Наводно по натпреварот во соблекувалната, Кристиано Роналдо го нападнал Марко Асенсио. Младата ѕвезда на „кралевите“ наводно не била задоволна од минутажата, а Португалецот не се сложувал со неговото мислење.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Асенсио се наметна по натпреварот во Суперкупот на Шпанија каде што Реал Мадрид играше против Барселона, но во последните натпревари тој не прикажуваше настапи какви што Зидан очекуваше, па поради тоа Роналдо сметал дека Асенсио имал доволно време да се докаже, но сепак не ја искористил шансата.

Покрај тоа се наведува и дека на Роналдо му пречи тоа што Асенсио е близок со Иско, фудбалер кој Португалецот баш и не го сака многу.

На крајот се додава и дека Роналдо на Асенсио му порачал дека е потребно многу повеќе од два натпревари за да стане ѕвезда и стандарден член на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…