Дома Фудбал Проблеми во Мадрид: Играчите одбиваат да тренираат додека не се вратат нормалните плати

Проблеми во Мадрид: Играчите одбиваат да тренираат додека не се вратат нормалните плати

Клубовите во Шпанија од вчера имаат дозвола за тренирање во групи, па веќе започнаа интензивно да се спремаат за продолжување на сезоната.

Рестартот на сезоната во Шпанија се очекува на 12-ти јуни, а покрај клубовите од Примера со тренинзи започнаа и тимовите од понизок ранг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради пандемијата многу клубови имаа финансиски загуби па мораа да го намалат платите на фудбалерите, а некои клубови во Шпанија ги намалија и до 70%.

Имено, играчите на Рајо Валекано требаше веќе да започнат со тренинзи, но одбиваат се додека не им се вратат нормалните плати.

Минатата недела истото го направија и фудбалерите на Елче, па сега ќе мора да реагираат челниците на овие клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…