Дома Топ вести Проблеми во Барса – љубоморниот Дембеле во отворена „војна“ со Меси и неговиот најдобар пријател?!

Проблеми во Барса – љубоморниот Дембеле во отворена „војна“ со Меси и неговиот најдобар пријател?!

Како што пренесува „Диарио Гол“, лут е затоа што не добил еднаков третман…

Денес споменатиот шпански медиум лансираше вест за проблеми во соблекувалната на Барселона. Според овие информации изгледа дека не очекува нова сапуница каква што е во состојба да режира само современиот фудбал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Осман Дембеле кој минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд наводно влегол во отворен конфликт со Лионел Меси и Луис Суарез.

Причината која се наведува е прилично бизарна, но летната трансфер сапуница која Дембеле ја приреди на својот поранешен клуб упатува на тоа дека тој е играч склон на бизарности.

Имено, Дембеле е разочаран од тоа како Меси и Суарез како две најголеми ѕвезди на тимот го дочекале Фелипе Кутињо, односно смета дека не е прифатен на ист начин ,тврдат шпанските новинари.

Неговото расположение сигурно не го поправило ниту фактот што од средината на минатиот месец е надвор од тимот поради нова повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …