Бразилскиот крилен фудбалер, Даглас Коста на лето ќе се врати во Јувентус, откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор, пренесува „Тутоспорт“.
Весникот исто така пренесува дека за Даглас Коста нема повеќе место во Јувентус и „бјанконерите“ ќе се обидат да се ослободат од него.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Даглас Коста има договор до 2022 година, па Јувентус очекува понуди за неговииот потпис, а интерес покажуваат Рома и Милан.
Идентична е ситуацијата со Марко Пјаца, Перин и Даниеле Ругани, кои на лето ќе се вратат во Јувентус, а за нив повеќе нема место во тимот на „старата дама“.