Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијех нема да се пресели во Саудиски Ал Наср.
За време на лекарскиот преглед на мароканскиот фудбалер констатиран е проблем со коленото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лондонскиот клуб од трансферот требаше да заработи девет милиони евра, но нема многу да жали бидејќи летово веќе ги продадоа Нголо Канте, Калиду Кулибали и Едуард Менди во Саудиска Арабија.
Поранешниот фудбалер на Ајакс е роден во 1993 година во малото гратче Дронтен во Холандија. Неговиот татко е Холанѓанец, а неговата мајка е Мароканка. Играше за помладите категории на холандската репрезентација, но реши да дебитира за А селекцијата на Мароко.
Мина низ јуниорските категории на Херенвен пред да заигра за првиот тим на тој клуб, а во 2014 година го засили Твенте во трансфер вреден 3,5 милиони евра.
Две години подоцна Ајакс за него плати 11 милиони, а по четири одлични сезони Челзи беше подготвен да потроши дури 40 милиони евра.
Со мароканската репрезентација го постигна најголемиот успех во африканскиот фудбал бидејќи стана првиот полуфиналист на Светското првенство од овој континент.
Последната сезона во Челзи беше турбулентна, одигра 18 натпревари и не постигна гол, забележа три асистенции.