Дома Фудбал Италија Проблем за Интер пред дербито: Нова повреда за Сенси

Проблем за Интер пред дербито: Нова повреда за Сенси

Mиланското дерби кое се игра во недела ќе биде еден од најважните во последните десетина година бидејќи и двата тима се во игра за Скудетото.

На три дена пред натпреварот лоши вести пристигнуваа за тренерот на „нероаѕурит“ Антонио Конте. На тренинг натпреварот против екипа од Серија Д се повредил Стефано Сенси, објави италијанскиот „Скај“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите Сенси заработил повреда на мускулот и големо е прашањето дали ќе биде во протоколот за дербито. Повредите Сенси го мачеа и кога беше во Сасуоло, а таа пракса продолжува и во Интер. Од таа причина тој веќе пропушти шест натпревари во периодот од 24. октомври до 24. ноември 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…