Дома Фудбал Репрезентации Проблем за Белгија – им се повреди капитенот

Проблем за Белгија – им се повреди капитенот

Капитенот на белгиската репрезентација, Винсент Компани се здоби со повреда на препоните на синоќешниот натпревар против Португалија.

Компани мораше да го напушти теренот после само 10 минути во второто полувреме поради болка во препоните.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Инаку тој во изминатите години имаше многу проблеми со повредите и пропушти многу натпревари за белгиската репрезентација, а сега е неизвесен и за Мундијалот.

„Чуствуваше болка во препоните и сега останува да видиме што ќе кажат деталните испитувања“, изјави селекторот Мартинез кој беше загрижен за капитенот.

Дефанзивецот денес ќе има детални прегледи, по што ќе се знае дали ќе биде спремен да игра на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …