Карим Бензема е на излезните врати од Реал, иако Зидан вчера изјави дека тоа не е вистина.
Мадридските медиуми инсистираат на тоа дека Французинот после девет години ќе го напушти Реал и дека листата на евентуални замени веќе е направена. Првата цел е Левандовски, втората е Икарди, а третата и најтешка е Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од другата страна, приказната за Арсенал не е толку реална, пред се, бидејќи не е позната судбината на Венгер, а од другата страна Арсенал е клуб кој бара млади играчи. Но, како што тврдат шпанските медиуми, понудата пристигнала и тоа сензационално, од Вест Хем.
Вест Хем му понудил на Реал повеќе од 60 милиони евра за Бензема што Перез би можел да го прифати. Јасно, ќе се прашува и Французинот, има заштита и од договорот, има годишна плата од десет милиони евра, но како што стојат работите тој повеќе би сакал да оди во Англија, отколку да се варти во татковината каде што се споменуваат Марсеј, но и ПСЖ.