Дома Фудбал Пристигна во Барса ова лето, а Меси сака клубот да го продаде што поскоро

Пристигна во Барса ова лето, а Меси сака клубот да го продаде што поскоро

Барселона ова лето донесе неколку засилувања, a еден од играчите кој пристигна на Камп Ноу беше Жуниор Фирпо.

Овој 23-годишен лев бек одигра одлична сезона во Бетис, а потоа пристигна на Камп Ноу како замена за Жорди Алба во трансфер кој на крајот може да достигне до 30 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фирпо оваа сезона одигра само четири натпревари за Барселона, но се чини дека тоа не е неговиот најголем проблем.

Имено, некои шпански медиуми пишуваат дека Лионел Меси сака Барселона да го продаде најбрзо што може.

Се наведува дека Аргентинецот смета дека Фирпо не е доволно добар да го замени местото на Жорди Алба во иднина.

Покрај тоа, Меси смета дека поранешниот играч на Бетис не е доволно спремен за натпреварите во ЛШ и Барселона би можела да има проблеми ако Алба пропушти неколку натпревари поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …