Дома Трансфер зона Пристигна агентот, Дибала и Интер го договараат последните детали

Пристигна агентот, Дибала и Интер го договараат последните детали

Интер ги забрза преговорите со Пауло Дибала и сака да го комплетира трансферот што е можно побрзо.

Двете страни веќе подолго време преговараат и имаат начелен договор, а денес агентот на Аргентинецот пристигна во канцелариите на Интер да ги договорат последните детали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Дибала е слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус, а негов прв избор од самиот старт беше Интер.

„Нероаѕурите“ му понудија тригодишен договор со опција за уште една година тежок 7 милиони евра по сезона плус бонуси.

Денес се очекува да бидат договорени последните детали и наскоро да биде официјализиран трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…