Наполи на титула шампион на Италија чека уште од 1990 година, а после голот на Кулибали во вчерашниот натпревар во Серија А започнува вистинска драма во завршницата.
Според фудбалските стрчњаци вистинска неправда ќе беше доколку вчера Наполи не победеше во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заслужи тимот од Неапол според сите параметри, а голот за три бода и враќање во шампионската трка не можеше да падне во подобар момент во – 90 минута!
Калид Кулибали е името на човекот кој на истекот на регуларниот дел го доби воздушниот дуел со Бенатија и го матираше Буфон. Сенегалскиот дефанзвец со овој гол го врати Наполи на -1, на четири кола пред крајот и својот тим го донесе во изгледна позиција за Скудетото. Најмногу поради полесниот распоред на тимот од Неапол.
„Градот Неапол и луѓето во него ни ја дадоа потребната сила овие денови. Секогаш верував дека можеме да го освоиме Скудетото. На стадионот на Јувентус секогаш губев, но еве сега победивме и тоа благодарение на мојот гол. Среќен сум“, изјави дефанзивецот.
А малку недостасуваше Кулибали да не биде во тимот оваа сезона. Меѓутоа таму „некоја небесна сила“ го премисли, внимавајте – Антонио Конте (поранешениот стратег на Јувентус).
Аурелио Де Лаурентис претседателот на Наполи одреди цена од 70 милиони евра за Кулибали и Сенегалецот веќе беше виден во Челзи.
Првиот човек на Наполи веќе и го доведе Никола Максимовиќ како негова замена за 29 милиони евра, се чекаше само Конте да каже „да“ и Кулибали да тргне кон Лондон. Сепак Италијанецот се одлучи за Рудигер и веројатно погреши.
Maradona on IG: "We have a dream in our hearts. Grazie Koulibaly". ???? #ForzaNapoliSempre #JuveNapoli pic.twitter.com/5O6dK1w0Rt
— Everything Napoli (@NaplesAndNapoli) April 22, 2018
За тоа што Кулибали го носи дресот на Наполи во клубот треба да му бидат благодарни на Рафа Бенитез кој го доведе од Генк во 2014 година. Кулибали на почетокот не можел да поверува дека го бара Бенитез лично, па го фрлил телефонот мислејќи дека пријателите се шегуваат со него. Потоа и му се извнуваше на шпанскиот стручњак.
Во првата година Кулибали оставаше впечаток на дефанзивец кој со својата физичка форма се обидуваше да го надомсети техничкото незнаење.
Како што времето одминуваше Кулибали беше се подобар и подобар. Бројот на прецизни додавање растеше од натпревар во натпревар, за подоцна да добие пофалби и од големиот Диего Марадона.
„Доколку нема темна боја на кожата денес сигурно би играл за Реал Мадрид или Барселона“, јасен беше Марадона.