Дома Фудбал Англија Претседателот на Сити: Ќе донесеме адекватна замена за Агуеро

Претседателот на Сити: Ќе донесеме адекватна замена за Агуеро

Претседателот на Манчестер Сити, Ал Мубарак вети дека клубот ќе донесе адекватна замена за Серхио Агуеро.

Аргентинецот го напушти клубот како слободен агент, а во изминатите години стана најдобар стрелец во историјата на клубот.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Приоритет на „граѓаните“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а на листата се наоѓаат Хари Кејн, Халанд, Лукаку…

„Загубивме легенда како Серхио Агуеро. Многу е тешко да се потполни неговото место, но ќе го донесеме вистинскиот играч за да го замени. Има и други зони во тимот кои треба да бидат засилени, но приоритет е секако нападот“.

„Мислам дека имаме одличен тим и немаше да ја освоиме Премиер лигата и да дојдеме до финале во ЛШ ако не беше така. Не ни е потребен квантитет, но ќе го зголемиме квалитетот на трансфер пазарот“, изјави претседателот на Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…