Изминатата недела најугледните светски медиуми пишуваа дека е постигнат договор помеѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт за трансфер на напаѓачот Лука Јовиќ.
Весникот „АС“ тврдеше дека трансферот е договорен и откри дека сумата на зделката ќе изнесува 60 милиони евра од кои 48 ќе завршат на сметата на Ајнтрахт, а 12 кај Бенфика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, денес спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ истакна дека се уште нема договор помеѓу двата клуба.
„Не постои договор помеѓу двата клуба. Она што е точно е дека постојат преговори, но многу клубови се заинтересирани за Лука“, изјави Бобиќ.
Шпанските медиуми тврдат дека Ајнтрахт сака да ја искористи ситуацијата и да извлече што повеќе пари од „кралевите“.
Меѓутоа, самиот фудбалер преферира преселба во Реал Мадрид и веќе има договор со „кралскиот“ клуб за 5-годишна соработка.