Дома Топ вести Премиерлигашите не се откажуваат од Барела

Премиерлигашите не се откажуваат од Барела

Англиските медиуми пренесуваат дека неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер има финансиски проблеми и на лето најверојатно ќе мора да направи продажба на една голема ѕвезда.

„Нероаѕурите“ сакаат да го задржат 26-годишниот играч за врска, но доколку пристигне богата понуда нема да можат да ја одбијат.

Манчестер Сити и Њукасл покажуваат најсилен интерес за Италијанецот и нема да жалаат пари да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…