Дома Фудбал Англија Премиер лигата менува правило по 28 години. Навивачите се бесни

Премиер лигата менува правило по 28 години. Навивачите се бесни

Навивачите на Челзи и Вулверхемптон изразија огромно незадоволство на социјалните мрежи, а некои најавија протести откако беше објавено дека двата клуба би можеле да играат на Бадник оваа сезона.

Ова не се случило во Англија од 1995 година, но можеби поради телевизијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, Божиќ оваа година се паѓа во понеделник, а Премиер лигата традиционално се игра викенд пред Божиќ, потоа на Boxing Day на 26 декември и на првиот ден од новата година.

Натпреварот меѓу Вулвс и Челзи требаше да се одигра во сабота на 23 декември, но раководството на лигата сака да го префрли за следниот ден поради телевизискиот термин во вечерните часови.

Календарот за декември се уште не е потврден, но англиските медиуми пренесуваат дека натпреварот речиси сигурно ќе се одигра на Бадник.

Ова особено ги налути навивачите на Челзи кои треба да патуваат по 200 километри во секој правец за натпреварот и ќе се вратат дома многу доцна, што за нив е неприфатливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Насилници провалиле во куќа на фудбалска ѕвезда додека бил во неа со семејството – морал да се брани со нож!

Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани п…