Како што се очекуваше, сè уште главна тема во Англија е дербито меѓу Тотенхем и Ливерпул (1-2) затоа што екипата на Јирген Клоп беше оштетена и не ѝ беше признат чист гол.
На оваа средба најголема грешка направи судијата во ВАР-собата Дарен Ингланд, а конечно падна одлука за неговата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ингланд повеќе нема да суди на натпреварите на кои игра Ливерпул до крајот на сезоната, а тоа е добра вест за „црвените“, иако сигурно нема да се задоволат само со таква казна.
Луис Диаз постигна регуларен гол против Тотенхем, но ВАР направи голема грешка, а вчера Клоп кажа дека натпреварот треба да биде преигран, иако такво нешто дефинитивно нема да се случи.