Олександер Усик е нов светски шампион во тешка категорија откако синоќа во Лондон го совлада Ентони Џошуа со одлука на судиите.
Во спектакуларен меч пред речиси 70.000 гледачи на стадионот на Тотенхем славеше Украинецот по 12 рунди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Усик беше подобар од почетокот на мечот и добро се движеше по рингот, по што добро го погодуваше шампионот и борбата тргна како што очекуваше.
За Усик, во тешка категорија ова е само третиот триумф, а со победата против Џошуа стигна до 19 победа во својата професионална кариера, Британецот го претрпе вториот пораз, откако во 24 борби беше победник.
What a finale! 💥#JoshuaUsyk pic.twitter.com/ZMFNunGO7B
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 25, 2021