На претходното Светско првенсво блесна Хамес Родригез и си обезбеди трансфер во Реал Мадрид, а сега истото би можел да го направи неговиот сонародник Хуан Квинтеро.
Квинтеро игра фантастично на Мундијалот, а шпанските медиуми тврдат дека би можел да пристигне во Реал Мадрид како замена за Матео Ковачиќ кој сигурно заминува од „Сантиаго Бернабеу“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, најголема препрека за трансферот на 25-годишниот плејмејкер е комплицираната сопственост на Колумбиецот. Имено, Ривер Плата има можност да откупи 80% од неговиот договор, кој моментално е во сопственост на Порто.
Преостанатите 20% се во сопственост на менаџерски компании, а тоа може да биде пречка за трансферот на Квинтеро, кој е на мета на многу европски гиганти.