Во недела се игра големото дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“.
Пред овој натпревар се појави интересна информација во англиските медиуми, а потоа и видео. Имено, Манчестер Јунајтед целиот тревник на својот стадион го испрска со лук.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веста започна да се шири после лошата миризба која наводно се чуствувала дури и на 600 метри од стадионот. Веднаш после објавувањето на оваа вест се појави и прашањето дали Оле Гунар Солскјер подготвува некоја специјалната тактика за големиот ривал.
They’ve had a stinker! ?@ManUtd have been spraying garlic on the Old Trafford pitch ahead of their huge clash with @LFC on Sunday.
Why do @ManUtd use garlic on the Old Trafford pitch? https://t.co/4VLqBwaZ6Y pic.twitter.com/t1jLQ3t43S
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 22, 2019
Меѓутоа подоцна стигна и објаснување на ваквиот потег на англискиот гигант.
Имено, прскањето со лук во Англија се користи за тревата да се заштити од било какви паразити.
Медиумите пишуваат дека оваа тактика ја користат и други клубови со цел да се одржи добриот терен кој секако предуслов за добри резултати.
Солскјер на вчерашната прес-конференција порача дека верува во победа на неговиот тим.
„Ова е важен натпревар за нив, ова е важен натпревар и за нас. Сакаме да влеземе во топ 4. Играме со Ливерпул и знаеме колку е значаен овој меч за сите во клубот и за навивачите. Знаеме дека не очекува тежок натпревар. Тие играат неверојатно оваа сезона. Но, тие знаат дека играњето на „Олд Трафорд” е тешко. Сакам да играме подобро од средбата со ПСЖ. Треба да се извлечеме поуки од тој пораз и да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“.
„Во недела против Ливерпул одиме на победа. Знаеме дека може да го реализираме тоа. Не треба посебен мотив кога играте против Ливерпул, без разлика дали тој тим се наоѓа на чело на табелата или последен. Ова е најголемото дерби во Англија“, гласеше вчерашната изјава на Норвежанецот.