Данскиот стратег Јон Дал Томасон е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Шведска и тој е првиот странец кој ќе ја води оваа селекција.
Екс-дансскиот напаѓач на клупата го наследува Јане Андерсон кој беше отпуштен во ноември минатата година откако не се пласираше со Шведска на Европското првенство во 2024 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неодамна Томасон го водеше второлигашот Блекбурн, а сега со Шведска стави потпис на договор до крајот на квалификациите за Светското првенство 2026 година. Неговиот договор автоматски ќе биде продолжен ако се квалификуваат на Мундијалот.
„Се радувам на почетокот на оваа голема соработка и на средбата со навивачите, играчите и медиумите во Шведска“, изјави Данецот.
Како фудбалер за Данска тој запиша 112 настапи и постигна 52 гола, а играше уште за Коге, Херневен, Њукасл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал. Во тренерската кариера беше помошник во Екселсиор и во Витесе, додека во Данска го водеше Малме и во англискиот Блекбурн ги помина последните две сезони.