Ромелу Лукаку и официјално е нов фудбалер на Рома и во римскиот клуб ќе игра до крајот на сезоната како позајмен фудбалер.
Така Рома во финишот преоден рок успеа да доведе големо засилување, а Лукаку третпат во кариерата ќе работи со Жозе Мурињо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Рома со задоволство може да соопшти дека Ромелу Ккаку од Челзи пристигнува на позајмица до 30. Јуни 2024 година“, објави „волчицата“.
Лукаку е задоволен од пречекот во римскиот клуб.
„Приемот кој го добив во клубот и од фановите ме возбуди, тие ми се уште поголема мотивација да дадам се од себе. Како противник ја имам почувствувано атмосферата на Олимпико и ја почувствував топлината на романистите, сега е убаво да се биде дел од тоа. Неодамна зборував со претставниците на клубот и ме импресионираа со нивните амбиции. Едвај чекам да се ставам на располагање на теренот“, изјави Лукаку.
Tutte le strade portano a… 🟡🔴#ASRoma pic.twitter.com/dYVoAW3CBW
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 31, 2023