ЖРК Вардар денеска се собра и ги одржа првиот тренинг во новата календарска година. На првиот тренинг на екипата во СЦ. Јане Сандански присуствуваа сите играчи на ЖРК Вардар заедно со стручниот штаб. Оваа календарска година се надеваме дека ќе биде среќа по вардарки и дека ќе ја освојат толку посакуваната титула во Лигата на шампионките.

Тренерот Ирина Дибирова очекува да се подобри формата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во првиот дел од сезоната победивме на сите натпревари, но никако не можам да бидам задоволна од покажаното, зашто имавме некои грешки кои во следниов период мора да ги поправиме. Мислам дека можеме и подобро да играме. Младите ракометарки, пак, би сакала во идниот период да добијат поголеми шанси, но имаме многу тешка група во Лигата на шампоните и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив. Ќе се обидеме да ги усогласиме потребите, сега следат натпреварите од регионалната лига, каде очекувам тие повеќе да играат и потоа да помогнат и во натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите”, вели тренерот на Вардар Ирина Дибирова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…