![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/08/matuidi-850x491.jpg)
Во Јувентус се очекуваа промени по елиминацијата од Лион во осминафиналето и тие веќе се случуваат.
Прво веќе следниот ден отказ доби Маурицио Сари, а на негово место на тренерското столче на „старата дама“ седна Андреа Пирло. Сега следат промени во играчкиот кадар.
Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓
Еден од играчите кои во текот на сезоната добиваа големи критики заминува од клубот. Блез Матуиди ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во тимот на Бекам, Интер Мајами.
Јувентус овој трансфер официјално не го потврдил, но веста е објавена од сите најпознати италијански новинари меѓу кои е Ромео Агрести кој е близок со клубот. Поради тоа работата може да се смета за завршена.