Дома Останати Кошарка Почина шесткратниот НБА Ол-стар играч и најдобриот стрелец во историјата на Феникс Санс

Почина шесткратниот НБА Ол-стар играч и најдобриот стрелец во историјата на Феникс Санс

Поранешниот НБА кошаркар Волтер Дејвис почина во четвртокот на 69-годишна возраст.

Американските медиуми јавуваат дека тој починал од „природна смрт“. Дејвис ќе остане запаметен како легенда на Феникс Санс, каде е најдобар стрелец на сите времиња со 15.666 поени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За време на неговата 15-годишна НБА кариера, Дејвис шест пати беше Ол-стар, сите шест пати како играч на Санс, за кои играше од 1977 до 1988 година. После тоа уште во два наврати играше за Денвер Нагетс, а кратко беше и во Портланд.

Тој ја доби и наградата за најдобар дебитант во НБА во 1978 година. Тој го освои златото со американската репрезентација на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, а Санс го повлече дресот со број шест во негова чест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Страв за безбедноста на кошаркарите на Партизан во Белград: Американец се обиде да се тепа со „Гробари“, познат играч исплашен по хаосот (Видео)

Партизан доживеа тежок пораз од Макаби и така продолжи со лошите резултати во Евролигата. …