На 96 годишна возраст денес почина д-р Трајко Стаматоски, почесен претседател на Вардар.
Стаматоски (6.мај – април 2021) беше еден од основачите на Вардар во 1947 и долгогодишен чле на управниот одбор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај големите заложби за Вардар тој беше познат научиник, лингвист и македонист.
„Човек со богата биографија и кој меѓу другото ќе биде запаметен како познат научник, лингвист и македонист, професор, поранешен почесен но и потпретседател на ФК Вардар. Активен учесник во фудбалскиот живот на нашиот клуб од неговото формирање во 1947 г., па се’ до последните години од својот живот. Редовен посетител на натпреварите на ФК Вардар.
Ќе биде запаметен како авторот на култната монографија на ФК Вардар по повод 40-годишнината од постоењето (1947-1987).
Во 60-тите години од минатиот век еден од неколкуте творци на современиот Вардар, како негов долгогодишен член на Управниот одбор и потпретседател.
Познат по тоа што имаше две големи љубови на кои го посвети својот професионален и приватен живот, борбата за македонскиот народ и самостојност на Македонија, како и напредокот на ФК Вардар најпрвин во рамките на бившата Југословенска лига, па до осамостојувањето на нашата држава.
За два месеци ќе наполнеше 96 години, а беше човек полн со живот, кој сепак на крајот ја загуби борбата со корона вирусот…
Неговото место е меѓу великаните…
Слава ти голем човеку !“, стои во соопштението од „Комити“.