На 83 годишна возраст почина Мирко Илиевски, еден од најдобрите фудбалери на Вардар во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
Член на Вардар беше од 1956 до 1964 година и во тој период зад своето име собра повеќе од 300 настапи. Беше дел и од генерацијата на Вардар која го освои купот на Маршалот во поранешна Југославија во 1961 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во финалето Вардар го победи Вараждин, а Илиевски имаше голем удел затоа што асистираше за првиот гол и го постигна вториот.
Натпреварот се играше во Белград.