Дома Фудбал Потпретседателот на Барса: Реанимираме мртовец, потребни ни се 500 милиони за да го вратиме во живот

Потпретседателот на Барса: Реанимираме мртовец, потребни ни се 500 милиони за да го вратиме во живот

Барселона продолжува да биде во исклучително тешка ситуација, а раководството работи за да го врати „клубот од мртвите“.

Ова денес го соопшти потпретседателот на каталонскиот гигант, Едуард Ромеу и истакна дека потребни се 500 милиони евра за клубот да застане на нозе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Актуелната состојба на клубот е многу критична, но разликата од пред една година е што сите сме на јасно со проблемите. Имаме негативен капитал во износ до 500 милиони евра и на тоа треба да ги додадеме загубите од 150 милиони евра од оваа сезона. Потребни ни се 500 милиони евра за да ја спасиме Барселона. Се обидуваме да реанимираме мртовец и имаме среќа што клубот има реноме и добар бренд, како и недвижен имот со кој можеме да добиеме финансиски средства“, јасен беше Ромеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручн…