Челзи вечерва му гостува на Милан во рамките на Лигата на шампиони и после победата на „Стенфорд Бриџ“ ќе бара победа и на „Сан Сиро“.
Менаџерот на лондонскот тим, Грем Потер, очекува сосема поинаков дуел од оној на „Стенфорд Бриџ“.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Предизвик е да се игра и да се победи на „Сан Сиро“, а токму тоа е она што треба да се обидеме да го направиме. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од првиот во Лондон. Милан ќе се обиде да ја искористи домашната предност“.
„Два добри тима, две можеби рамноправни екипи. Ќе биде фантастичен натпревар и навистина се радувам за тоа. Милан има фантастични играчи, тие се навистина добро организиран тим“, изјави менаџерот на Челзи.