Дома Трансфер зона Потврдено: Малком е играч на Рома, потпишува на пет години!

Потврдено: Малком е играч на Рома, потпишува на пет години!

Така тоа го прави Мончи!

Се завршено Рома доби уште едно засилување.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Бордо на својата официјална страна го потврди трансферот на Бразилецот, Малком во редовите на Рома.

Римјаните ја победија конкуренцијата од Интер и Евертон и за 36 милиони евра (плус бонуси) успеаа да го доведат 21 годишниот фудбалер.

Работата ја забрза трансферот на Алисон во редовите на Ливерпул од кој Рома заработи 75 милиони евра.

Малком веќе утре ќе пристигне во Рим каде што ќе стави потпис на петгодишен договор вреден 12.5 милиони евра.

После медицинските прегледи тој ќе отпатува во САД каде што ќе им се придружи на новите соиграчи.

Да потсетиме, Малком е 11-то засилување за Рома во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…