Дома Трансфер зона ПОТВРДЕНО: Играчот за врска на Ливерпул на крајот од сезоната се сели во Јувентус

ПОТВРДЕНО: Играчот за врска на Ливерпул на крајот од сезоната се сели во Јувентус

Емре Чан се приклучи на Ливерпул во 2014. година.

Оваа сезона под водство на Јирген Клоп игра одлично, но до продолжување на договорот нема да дојде. Јувентус традиционално доведува играчи кои им истекуваат договорите, а сега мета е Емре Чан чиј договор истекува ова лето. Со самото тоа, тој е бесплатен играч, а покрај тоа, тој е заинтересиран за трансфер во Јуве и сега е потврдено дека на крајот од сезоната ќе се пресели во Италија.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Во Премиер лигата, Емре Чан оваа сезона настапи 26 пати, а постигна три гола и запиша четири асистенции, што е добар учинок со оглед на тоа што игра одлично како во одбраната, така и во нападот. „TuttoSport“ со уште некои медиуми од Италија исто така ја потврди информацијата дека Емре Чан ќе се пресели во првопласираниот тим од Серија А.

24-годишниот фудбалер има 20 настапи за германската репрезентација, а во Јувентус ќе го пречека неговиот колега од репрезентацијата Сами Кедира. Вкупниот учинок оваа сезона на Емре Чан е 6 гола и 5 асистенции на 37 натпревари во сите натрпеварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …