Дома Фудбал Англија Потврдено: Во предбожиќното коло во Премиер лигата ќе се испише историја

Потврдено: Во предбожиќното коло во Премиер лигата ќе се испише историја

Aнглиската Премиер лига носи посебни возбудувања во празничниот период кога распоредот е згуснат, а сега е најавен историски момент токму во овој период.

Предбожиќното коло во Англија ќе се игра на 23-ти и 24-ти декември и на овие натпревари предвидено е за првпат да видиме жена како главен арбитар на еден премиерлигашки натпревар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Историја ќе испише Ребека Велч, таа ќе биде првата жена која ќе дели правда на натпревар од англиската елита. Претходно стана првата жена која суделе во Чемпионшип.

„Ова се клучни моменти за промени во фудбалот. Секој што поседува квалитет заслужува да добие шанса. Ребека треба да биде дел од елитата“, изјави Хауард Веб за „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во Турција: Соиграчите и Чурлинов го напуштија теренот поради пенал! (Видео)

Драматичен и контроверзен финиш имаше дуелот од турската Суперлига меѓу Кочаелиспор и Коња…