Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија и легенда на Манчестер Јунајтед би можел да започне нов кариера.
Кумот на Немања Видиќ, Ненад Лалатовиќ во разговор за српските телевизии откри дека Видиќ размислува да се занимава со тренерска работа и дека добил понуда од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Видиќ живее во Милано и во овој момент размислува да се занимава со тренерската работа. Веќе доби понуда да го води вториот тим на Манчестер Јунатед. Јас му кажав: Куме, тоа тие идеална прилика ако сакаш да се занимаваш со тоа. Најдобар дефанзивец си на сите времиња и мислам тоа е вистинска понуда за тебе“.
„Јас навивам за тоа да биде тренер на вториот тим на Манчестер Јунајтед, а потоа да дојде и до првиот тим. Да ги врати на патеките на кои Манчестер Јунајтед треба да биде“, изјави Лалатовиќ.
Навистина ова изгледа како одлична понуда за Видиќ, а дали ќе ја прифати останува да видиме.