Дома Трансфер зона Постигнат договор: Јувентус победи во трката за еден од најталентираните голмани!

Постигнат договор: Јувентус победи во трката за еден од најталентираните голмани!

Откако Џанлуиџи Буфон после 17 години одлучи да го напушти Јувентус, управата на „старата дама“ тргна во потрага по нов голман.

Иако веќе го имаа полскиот чувар на мрежата Војчех Шчесни, Јувентус одлучил да го ангажира и репрезентативецот на Италија, Матија Перин, еден од најталентираните голмани во Италија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


И договорот е постигнат! Џенова се согласи да го продаде Перин за сума од 14 милиони евра, плус милион евра како бонуси, а се очекува се да биде официјјализирано наредната недела.

Одличниот голман веќе претходно ги договори деталите од договорот и се чекаше само епилогот од состанокот на клубовите. На крајот се помина во најдобар ред и Перин ќе стане нов член на „старата дма“.

Сега му претстои борба за позицијата прв голман со Шчесни, а Јувентус сигурно ќе добие здрава конкуренција помеѓу стативите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…