Како што стојат работите, српскиот дефанзивец, Никола Миленковиќ кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.
Фиорентина според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрцио Романо ја прифатила понудата од 14 милиони евра од Нотингем Форест.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Романо додава и дека клубовите ги договораат деталите по што Миленковиќ ќе ги помине лекарските прегледи.
Српскиот дефанизвец седум години го носи дресот на Фиорентина и во последните се истакна како еден од најценетите дефанзивци во Италија. За Фиорентина вкупно одигра 264 натпревари во кои постигна 17 голови и запиша пет асистенции.
Клубот од Фиренца го доведе од Партизан во 2017 година за 5.5 милиони евра.