Дома Трансфер зона Постигнат договор: Бремер пред трансфер во Интер

Постигнат договор: Бремер пред трансфер во Интер

Интер е во напредни преговори со Торино за трансфер на дефанзивецот Бремер, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот е трансфер цел број еден на „нероаѕурите“ за засилување на дефанзивата, бидејќи е означен како идеална замена за Скриниар.

Иако трансферот на Скриниар во ПСЖ се уште не е комплетиран, сепак Интер реши да ги забрза преговорите со Торино, бидејќи интерес за Бремер покажува и Јувентус.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале начелен договор и Интер за Бремер ќе плати 30 милиони евра плус младиот играч Чезаре Казадеј.

25-годишниот Бремер беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А минатата сезона и ќе биде адекватна замена за Скриниар.

Преговорите помеѓу Интер и ПСЖ за Скриниар се во напредна фаза и се очекува да бидат финализирани следната недела за 65 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…