Дома Фудбал Англија После Челзи, ФИФА го казнува и Манчестер Сити?

После Челзи, ФИФА го казнува и Манчестер Сити?

Вчера тимот на Челзи беше непријатно изненаден од страна на Светската фудбалска федерација ФИФА, а сега се појавуваат најави од кои треба да се плаши нивниот ривал Манчестер Сити.

ФИФА вчера ја соопшти казната за Челзи од 600.000 франци и забрана за купување на играчи во наредните два преодни рока што секако е тежок удар за „сините“ гледајќи во каква ситуација се наоѓаат во овој момент. Од таборот на „сините“ најавија жалба, но барем според медиумите на Островот тешко е да се верува дека ќе има некаков ефект.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Под лупата на ФИФА се најде и Манчестер Сити.

ФИФА води истрага против „граѓаните“ поради двајцата Американци, Џорџ Дејвис и Доминик Одуро кои беа доведени во клубот во 2018 година. Двајцата фудбалери признаа дека тренирале и играле натпревари за младинците на англискиот клуб пред да наполнат 18 години.

Дејвис во Сити пристигна во 2012 година од редовите на Сиера Леоне кога имаше само 16 години, меѓутоа никогаш не направи нешто посериозно во Манчестер. Од друга страна Доминик исто така на 16 години беше доведен од Гана.

На тој начин Сити ги прекршил правилата на ФИФА за ангажирање на фудбалери од нивните земји и сега би можел да заработи казна.

Сепак, Сити и во случај на добие казна слична како на Челзи е во многу подобра позиција затоа што Гвардиола веќе има изградено силен тим и скоро да нема позиција која му претставува проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гринвуд го плукнал фудбалерот на Астон Вила?! (Видео)

Обичен пријателски натпревар, ќе помислите, кога играат Марсеј и Астон Вила. Сепак, на тер…