На Хамес Родригез во Ал-Рајан му се придружува уште едно познато име од Европа.
Откако го раскина договорот со Рома, Стивен Нзонзи стана нов член на клубот од Катар. Нзонзи имаше солидна кариера во Европа каде што го носеше дресот на Севиља, Галатасарај, Блекбурн и Стоук, минатата сезона ја помина на позајмица во Рен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се спомене и дека беше дел од репрезентацијата на Франција во 2018 година која го освои Светското првенство.
И на клупата на Ал Рајан седи познато име – Лоран Блан.
Коментари