Многумина ќе кажат потешко е да се одбрани титулата отколку да се освои, но австрискиот ракометен тим на Хипо во домашното првенство шампион беше дури 42 години во низа.
Оваа сурова доминација на Хипо во женскиот ракомет во Австрија беше прекината вчера, а нов шампион на Австрија е тимот Ацгерсдорф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Ацгерсдорф завршоја како второпласирани во регуларниот дел од сезоната и во тој дел два пати изгубија од Хипо кој имаше перфектен скор од 22 победи во исто толку натпревари. Меѓутоа се играше плејоф финале и тој скор таму на Хипо не му вредеше.
Во првиот натпревар Ацгерсдорф славеше со 22:18, па вчерашната победа на Хипо од 23:21 не беше доволна за шампионска титула.
Ова беше веројатно најдолга доминација на еден клуб во било кој спорт.