Дома Фудбал Посетата против Валенсија доволно зборува што навивачите мислат за оваа Барселона

Посетата против Валенсија доволно зборува што навивачите мислат за оваа Барселона

Барселона вчера ја пречека Валенсија и славеше победа со 3:1, но евидентно е дека каталонскиот клуб се наоѓа во лош период.

Не игра Барселона ниту приближно добро како што се очекува од неа, а заминувањето на Лионел Меси донесе дополнителни проблеми. Победата против Валенсија малку ќе го врати мирот, но јасно е дека ова е еден од најлошите периоди во клубот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И вчера за првпат од почетокот на пандемијата беше дозволен максимален капацитет на „Камп Ноу“, но на крајот од скоро 100.000 гледачи на трибините имаше помалку од 50%, односно 47.317.

Терминот на натпреварот беше идеален, недела навечер условите за игра добри, атрактивен ривал, но изгледа дека навивачите не се премногу заинтересирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …