Борусија Дортмунд постигнала одличен договор со Французинот при неговата продажба во Барселона.
Исхраната која не доликува на професионален спортист само најави дека Осман Дембеле не е спремен за највисоко ниво. Потоа се покажа и дека на тактички план не е на нивото на Барселона, па се појавија проблемите со однесувањето. Дури и Луис Суарез јавно го критикуваше младиот Французин и се погласно започна да се зборува за разделба на Барселона со Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, германски „Велт“ денес пишува дека продажбата на 21 годишниот крилен играч нема да оди така лесно бидејќи педантните луѓе од Дортмунд успеале да издејствуваат посебна клазула во договорот на Дембеле.
Имено, во договорот на фудбалерот постои клазула според која ако Барселона го продаде Дембеле пред јуни 2022 година (до кога има важност актуелниот договор на Дембеле) – мора да на Германците да им ги исплати сите премии и бонуси во договорот. Тоа воопшто не е мала сума и изнесува 40 милиони евра!
Со оглед на тоа дека Барселона за потписот на Дембеле плати 105 милиони евра, целиот трансфер во тој случај би достигнал вредност од 145 милиони евра.
Ова во превод значи дека дури и Барселона да го продаде Дембеле за 80 милиони, што е максимумот, Каталонците би биле во минус од 65 милиони евра! Ниту тоа не е мала сума, а може да биде само поголема бидејќи прашање е колку можат да ги добијат и тие 80 милиони евра.