Дома Топ вести Порто се огласи на Фејсбук откако Касиљас доби срцев удар

Порто се огласи на Фејсбук откако Касиљас доби срцев удар

Фудбалската јавност денеска ја шокираше веста од Португалија дека легендарниот голман Икер Касиљас доживеал срцев удар.

Угледната Марка објави дека Касиљас итно бил пренесен во болница откако се срушил на тренингот, а докторите потврдиле дека добил срцев удар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, за цела среќа лекарскиот тим на Порто брзо реагирал и била избегната катастрофа. Првите информации од Порто велат дека Икер е во стабилна состојба и не се наоѓа во животна опасност.

Многумина со резерва ја земаа веста за Касиљас, но Порто на крајот потврди дека тоа за жал е вистина. Португалскиот клуб испрати порака на Фејсбук за поддршка на шпанскиот голман.

„Секогаш заедно. Форца Икер.“ – стои во описот од Порто на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Килијан Мбапе и ПСЖ одат на суд овој месец

Килијан Мбапе и неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен ќе се соочат еден против друг во с…