Тимот на Филаделфија го потврди лидерскиот статус на Источната конференција во НБА откако го прегази Сан Антонио со 134:99 за петта победа во низа.
Со овој триумф Филаделфија дојде до скор од 27:12 и има една победа повеќе, а пораз помалку од најголемиот ривал за првото место, Бруклин. Сет Кари и Тобијас Харис беа најзаслужни за победата, Кари постигна 21 поен, а Харис 23.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Изненадувањето на вечерта го направи најлошиот тим во НБА во овој момент Минеоста. Минесота славеше го изненади фаворизираниот Портланд (114:112). Ентони Едвардс постигна 34 поени што е негов рекорд на кариерата, кај Портланд Лилард беше најефикасен со 38.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Минесота – Портланд 114-112, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 135-115, Чикаго – Торонто 118-95, Хјустон – Бостон 107-134, Атланта – Кливленд 100-82, Орландо – Мајами 97-102, Филаделфија – Сан Антонио 134-99, Голден Стејт – Јута 131-119, Оклахома – Мемфис 128-122.